Научниците охрабрени од развојот на вакцината на Оксфорд

Водечките научници кои на универзитетот Оксфорд ја развиваат потенцијалната вакцинатапротив Covid-19 во средата соопштија дека забележале соодветен имунолошки одговор при тестирањата, но не сакаат да зборуваат во кој рок вакцината би можела да биде готова.

Професорката по вакцинологија на Окфорд, Сара Гилберт, на сослушувањето во британскиот парламент изјави дека во фазата 3 од испитувањето на вакцината AZD122, лиценциран за компанијата „AstraZeneca“, се вклучени 8.000 доброволци.

„Многу сме задоволни од тоа што гледаме соодветен имунолошки одговор кој ќе даде заштита“, рече Гилберт.

Проектот ја започна фазата 3 од тестирањето на луѓе за да се утврди како вакцината делува кај поголем дел од лица постари од 18 години и колку успешно ја спречува заразата и заболувањето од Covid-19.

Според професорката Гилберт рече дека се надева оти оксфордската вакцина ќе напредува и пред почетокот на следната година, но не сакаше попрецизно да одговори во кој рок вакцината би можела да биде подготвена, образложувајќи дека тоа зависи од испитувањата.

Џон Бек, професор по медицина на Универзитетот Оксфорд, рече дека Британија треба да биде подготвена за можноста дека нема да има вакцина пред зимата, како и дека треба луѓето да бидат поттикнувани да се вакцинираат против грипот за да се избегне преголем притисок врз болниците.

„Целата оваа епидемија премногу се потпираше на претпоставките кои не се остварија. Оттаму, мојот совед е да се биде подготвен на најлошото“, заклучи Бел.