Научниците открија 16 нови генетски варијанти кај пациенти со тежок Covid-19

Во рамките на голема студија научниците откриле 16 нови генетски варијанти кај пациенти кај кои се развила тешка форма на коронавирусната болест Covid-19, а сознанијата би можеле да помогнат во развојот на нови начини на лекување на потешко заболените лица, се наведува во студијата објавена во стручното списание Nature.

Резултатите од истражувањето упатуваат на тоа дека лицата со тешка форма на Covid-19 во себе носат гени поради коишто се предодредени за настанување на еден од двата проблема: неможноста да се ограничи и спречи способноста на вирусот самиот себеси да се копира или развој на силно воспаление и последично згрутчување на крвта.

Научниците веруваат дека нивните сознанија би можеле да помогнат во одредувањето на приоритетите во потенцијалните начини на лекување коишто би можеле да бидат делотворни во борбата против болеста. И, во крајна линија, новите информации би помогнале да се предвиди кај кои пациенти ќе се развие тешка форма на болеста.

„Многу веројатно е дека во иднина ќе успеваме да предвидиме што ќе се случува со пациентот врз основа на неговиот геном во моментот кога ќе се утврди дека му е потребна интензивна нега“, изјави Кенет Бејли, советник на одделот за интензивна нега при Универзитетот во Единбург и еден од авторите на студијата.

Генетската анализа на речиси 56.000 премероци земени меѓу Британците покажала разлики на 23 гена кај пациенти со Covid-19 кај коишто на крајот се развила тешка форма на болеста, во споредба со ДНК-та на другите групи вклучени во студијата. Откриени се притоа 16 разлики кои порано не биле идентификувани.

Новите сознанија би можеле да им помогнат на научниците и во истражувањето на постојните лекови коишто би можело да се употребуваат во лекувањето на Covid-19.

Научниците, на пример, откриле промени во клучните гени кои го регулираат нивото на факторот VIII, протеинот кој учествува во создавањето на крвните згрутчувања.

„Згрутчувањето на крвта е една од главните причини поради коишто кај пациентите со Covid-19 се јавува недостиг од кислород во крвта (хипоксемија). На тоа би требало да се дејствува за да се спречи создавањето на згрутчувањата“, вели Бејли додавајќи дека „не може со сигурноста да се знае дали тие лекови навистина ќе бидат делотворни додека не бидат испорбани врз луѓе“.

На еден од претходно откриените гени – TYK, цели лекот „Олумиант“ на производителот „Eli Lilly“ со активизирачката материја барицитиниб, а сега се користи во лекување на артритис.

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја започна оцената на барањата за проширување на индикациите на „Олумиант“ на лекување на Covid-19 кај хоспитализираните пациенти на возраст од 10 и повеќе години за коишто е потребна терапија со кислород.

Станува збор за имуносупресив, члекој кој ја намалува активноста на имунолошкиот систем и моментално е одобрен за примена кај возрасните со умерен до тежок ревматоиден артритис или атопски дерматитис (екцем).

Барицитинибот го блокра делувањето на ензимите наречени „Јанус киназе“ (ЈАК) коишто имаат важна улога во имунолошките процеси кои резултираат со воспаление. Се смета дека овој лек би можел да помогне во ублажување на воспаленија и оштетување на ткива поврзани со тешка инфекција со коронавирусот. Истражување спроведено минатата седмица покажало дека лекот го намалува ризикот од смртен исход и хоспитализација кај поциентите со Covid-19 за 13 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.