Научниците открија два продукта ефикасни против Covid-19

Консумирањето мед и црн ким може да му помогне на пациентот побрзо да се справи со инфекцијата на коронавирусот, покажале резултатите од соодветеното истражување објавни на порталот medRxiv.

Меѓународен тим експерти спровел истражување во коешто учествувале пациенти со умерена до тешка форма на Covid-19. На дел од учесниците им било давано дневно по еден грам мед и 80 милиграми црн ким на килограм телесна тежина, а другата група испитаници добивала плацебо.

Истражувањето открило дека земањето на овие два прехрабнени продукта резултирало во три до седум дена олеснување на симптомите при умерена и тешка форма, соодветно. Исто така, тоа помогнало и да се исчисти вирусот од организмот во просек за четири дена порано, отколку кај пациентите во контролната група.

Консумирањето на комбинацијата од мед и црн ким не покажало никакви несакани ефекти и може да се користи самостојно или во комбинација со други третмани за Covid-19, истакнуваат научниците.