Научниците открија како се движел „мистериозниот хоминид“

Научниците го завршиле изучувањето на останките од предисторискиот примат Oreopithecus bambolii, попознат како „загадочниот хоминид“, и конечно го нашле одговорот на прашањето кое со децении предизвикуваше спротиставувања меѓу палеонтолозите – како се движело ова суштество.

Како што се наведува во студијата објавена во списанието National Academy of Sciences, останките на Oreopithecus bambolii, примат ореопитек од периодот на доцниот миоцен, потекнуваат од пред 6,7 до 8,3 милиони години, а се пронајдени во денешни Сардинија и северна Италија кон крајот на XIX век. Но до неодамна немаше согласност меѓу научниците за тоа како ова суштество се движело, односно дали „мистериозниот хоминид“ одел на два или на четирите екстремитети и дали можел да ползи по дрвјата.

Научниците од САД, Италија, Швајцарија и Шпанија детално со најсовремени методи го проучувале најкомплетниот зачуван машки скелет на ореопитекот со тежина од околу 30 килограми, откриен во рудник за јаглен во 1958 година а сега се чува во Музејот за историја на природата при Универзитетот во Фиренца.

Реконструкцијата на долниот дел од телото на приматот покажува дека „мистериозниот хоминоид“ не одел вертикално и не се качувал по стеблата. Неговото торзо е слично на структурата на торзото на сегашниот гибон. За разлика од сегашните примати, тој има пет лумбални пршлени наместо четири, а структурата на карлицата се разликува од сите други познати модерни примати (шимпанза, горила и орангутани) или од древните (ардипетикус или австралипетикус). Тој имал попречна орентација кон долниот дел од потколинечната коска, како кај сите хоминиди, а должината на седечката коска наликува на онаа кај миоценските примати.

Авторите на студијата веруваат дека таквата структура на карлицата била посоодветна за движење на задните екстремитети отколку кај современите мајмуни, но недовлно цврста за да оди во исправена положба како луѓето. Според научниците, цврстината на торзото и карлицата не била доволна и за искачување по дрвјата.

Истражувачите веруваат дека ореопитекот можел да оди на две нозе, но претпочитал да се движи на четирите екстремитети, а тој немал потреба да се качува на дрвјата бидејќи никој не го загрозувал. Овој вид во текот на два милиона години еволуирал на изолираните острови во Средоземното Море, каде немало предатори. За тоа дека овој хоминид повеќе се движел по замјата, исто така, укажува и промената на коските и зглобовите на неговите раце и нозе.

Се претпоставува дека суштеството се прилагодило да живее во подрачја со густа трска, а не во савана или во шуми. Затоа, ореопитекот го нарекуваат и „мочурлив мајмун“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.