Научниците открија кој витамин може да го спречи размножувањето на коронавирусот

Компјутерските симулации покажале дека една форма на витаминот Б12 – металкобаламин – може да ја инхибира активноста на протеинот кој е одговорен за размножувањето на новиот вид коронавирус. Научниците претпоставуваат дека тоа дури може да ја намали сериозноста на симптомите на Covid-19, а резултатите од нивното истражување се објавени во научното списание IUBMB Life.

Досега истраживачите развија само неколку препарати кои можат да влијаат врз новиот сој коронавирус SARS-CoV-2. Меѓу нив се фавипиравир, ремдесивир и рекомбинантниот протеин интерферон-2-алфа. Овие препарати беа создадени многу пред почетокот на пандемијата на Covid-19, во настојувањата да се најде лек против вирусот на грипот, хепатитисот Ц и вирусот ебола, но веќе се докажале во лабораториските експерименти врз клеточни култури како лекарства кои потенцијално може да се користат против новиот коронавирус.

Според последователните експерименти, овие препарати сепак не им помагаат на сите пациенти. Особено, тие не можат да спречат инфекција со коронавирусот, ниту, пак, можат да ги потиснат лесните форми на инфекцијата. Поради тоа, научниците трагаат по други лекарства кои би можеле подобро да се справат со SARS-CoV-2.

Според резултатите од новата студија на индиските научници од Академијата за високо образование во Манипал и од Регионалниот биотехнолошкиот центар во Фаридабад, сега се нуди нов ваков препарат.

Во текот на својата работа, користејќи компјутерски симулации, научниците правеле испитувања меѓу прехранбените или природните производи, како и меѓу препаратите одобрените од американската Управа за контрола за квалитетот на храната и лековите (FDA), кои би можеле да ја намалат активноста на еден од протеините на новиот коронавирус – nsp12. Овој протеин инаку ја игра клучната улога во размножувањето на SARS-CoV-2.

Анализата покажала дека метилкобаламинот може да се поврзе со nsp12 и да ја потисне неговата активност. Станува збор за една форма на витаминот Б12, која се користи во третманот на неколку нарушувања систем, особено на амиотрофичната латерална склероза, од која страдаше славниот британски астрофизичар Стивен Хокинг.

Научниците веруваат дека благодарение на метилкобаламинот ќе биде можно да се намали бројот на вирусните честички во организамот на пациент со Covid-19 и со тоа да ги потисна симптомите на болеста. Поради тоа, неопходно е да се започне со тестирањето на овој препарат како средство против коронавирусната инфекција, како на клеточните култури, така и на живите организми.

Можно е ова средство да се користи како профилакса за оние групи од популацијата кои се изложени на зголемен ризик од заразата, како лекарите или дијабетичари и лица со прекумерна телесна тежина. Меѓутоа, за тоа ќе треба да се почека на клиничките испитувања, кои ќе покажат колку овој препарат е ефикасен против коронавирусот.