Научниците открија опасност од протеинската диета

Ново истражување покажало дека диетите со висока содржина на протеини може да предизвикаат формирање атероматозни плаки и да додведат до склеротични лезии во артериите, се наведвуа во студијата објавена во медицинското списение Nature Metabolism.

Диетите со високо ниво на протеини помагаат во губењето на прекумерната телесна тежина и зголемување на мускулната маса. Тие почесто им се препорачуваат на лицата со зголемен крвен притисок.

Но резултати добиени од истржување спроведено врз лабораториски глувци од научниците од Медицинската школа на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, покажале дека диетите со висока содржина на белковини, го зголемуваат ризикот од склеротични васкуларни лезии. Притоа станува збор за нестабилни плаки, чие одвојување доведува до блокада на артетириите, што може да предизвика срцев удар.

„Диетите со високо ниво на белковини придонесува за губење на тежината, што ја зголеми нивната популарност последните години. Но експериментите врз животните и некои поголеми студии кај луѓето укажуваат на поврзаноста меѓу протеинските диети во исхраната и кардиоваскуларните проблеми. Ние решивме тоа да го провериме“, се наведува во писмената изјава на др Бабак Разани, водач на истражувањето.

Бидејќи мастите се неопходни за формирање на плаките, истражувачите ја споредиле состојбата на крвните садови кај глувци од две експериментални групи. Едната група била подвргната на диететска исхрана со висока содржина на масти, а другата на диета со маснотии и со нормална содржина на белковини.

„Неколку лажици протеин во прав во млечен коктел или смуди додава околу 40 грама белковини, што е еквивалетно на препорачаната дневна доза. За да видиме дали протениот влијае врз здравјето на кардиоваскуларниот систем, тројно ги зголемивме количествата на белковини кои глувците ги добиваа во диетата богата со маснотии и со високо ниво на протеини. Овие глувци добиле со протеините 46 проценти калории, наместо петнаесет“, додава др Разани.

Како резултат на тоа, во артериите на глувците со високомасната и високобелковинската диета, се развиле 30 отсто повеќе плаки од глувците кои биле подложени на диета со високо ниво на маснотии и нормално ниво на протеини. Но истовременено не добиле на телесната тежина, додека глувците од другата група се здебелиле.

Ова не е првото истражување, кое ги покажува зголемувањето на бројот на плаките во крвните садови при протеинска диета, но во овој случај научниците можеле да го сфатат механизмот на процесот кој доведува до ваквите резултти.

Артериските плаки се состојат од мешавина на маснотии, холестерол, наслаги на калциум и мртви клетки. Со прочистување на садовите од талозите се занимаваат имуните клетки, наречени макрофаги. Авторите на студијата откриле дека вишокот на аминокиселини во диетата со високо ниво на протеини го активира во микрофагите протеинот наречен mTOR, кој предизвикува овие клетки да растат наместо да ги извршуваат своите задачи. Сигналите од mTOR ја блокират способноста на клетките да ги исчистат крвните садови од плаките и да активираат низа настани кои доведуваат до смрт на макрофагите. Како резултат на тоа, околу плаките се формираат групи од мртви макрофаги, што само ја влошува ситуацијата со лошата проодност на кравниет садови.

„Кај глувците кои биле подложени на диета со високо ниво на протеини, плаките едноставно станале гробишта за макрофагите. Мртвите клетки ја прават плаката нестабилна и ја зголемуваат веројатноста од нивно откачување“, додава др Разани.

Истражувачите откриле дека одредени аминокиселини, особено лауцинот и аргининот, најмногу продонесуваат за активирање на mTOR и уништувањето на макрофагите. Црвеното месо е особено богато со леуцин, а во помали количества се содржи во протеините од рибите или растенијата.

„Во идните истражувања ќе може да се земат предвид диетите со високо ниво на протеини и со различни нивоа на аминикиселините, за да се види дали тоа може да влијае врз сложеноста на плаките. Смртта на клетките е клучниот знак за нестабилноста на плаките. Со контролирањето на протеините, оваа нестабилност може да се намали“, заклучува др Разани.