Научниците откриле 14 потомци од семејството на Леонардо да Винчи

Италијанските истражувачи го изработиле новото, досега најцелосно генеалошко стебло на семејството на Леонардо Да Вични, при што откриле 14 претходно непознати машки директни потомци на големиот ренесансен мајстор.

Долгортрајната работа ја спровеле основачот и директорот на Музејот на идеалот на Леонардо во тосканскот гратче Винчи, Алесандро Вецози и претседателката на Здружението за наследството на Леонардо, Ањезе Сабато, кои го објавија својот научен труд во последното издание на стручниот месечник Journal of Human Evolution.

Нивната главна цел била реконструкција на „генетскиот профил“ на италијанскиот гениј. Како резулатат на макотрпната работа во архивите и долгогодишното проучување на документите, тие успеале да ја вратат целата историја на ова тосканско семејство од 1331 година до денес идентификувајќи 21 поколение.

„Уште во 2016 година идентификуваме 35 живи потомци на Леонардо, но повеќето од нив сепак се однесуваа на индиректните роднински врски, и тоа главно по женска линија. Најпознатиот пример во тој поглед е познатиот режисерот Франко Зефирели (починат на 15-и јуни 2019 година – з.р.). Но овие луѓе не можеа да ни ги дадат информациите што ги баравме во врска со ДНК на Леонардо да Винчи и, пред сѐ, за Y хромозомот, кој се пренесува преку машката линија и останува практично непроменет во 25 поколенија“, вели Вецози.

Сепак, истражувачите не се обесхрабриле и на крајот успеале да пронајдат 14 претходно непознати потомци на големиот уметник, подомци од неговиот татко Пјеро и полубратот Доменико. Нивната возраст е меѓу една и 85 година, а сите живеат во Тоскана, главно недалеку од Винчи, во чија близина е роден Леонардо на 15-ти април 1452 година. Во современата смисла, Леонардо немал презиме, неговото целосно име на италијански јазик од тој период е Leonardo di ser Piero da Vinci, што значи „Леонардо, син на господинот Пјеро од Винчи“.

Според Вецози, вкупно 14 потомци на Леонардо по машка линија во моментов се живи. Меѓу нив нема познати личности, претежно станува збор за службеници и занаетчии. Впрочем, родителите на генијалниот уметник, таткото Пјеро бил нотариус, а неговата сакана селанката Катерина. Подоцна таткото на Леонардо бил во брак четири пати и имал 12 деца.

Нивната работа е „синтеза на со децении долгото истражување чија цел е реконструкцијата на потполната и ажирурана генеалогија на семејството Да Винчи“, напишаа научниците во студијата објавена претходно седмицава. За своето проучување воделе разговори со потомците на италијанскиот сликар, архитект и инженер, и притоа идентификувале неколку семејства на различни гранки од неговото семејно стебло.

Потполната историја на семејството сега е долга 690 години. Научниците го следеле машкиот дел од лозата, од предокот Леонардо Микеле, роден во XIII век, а потоа неговите роднини, од неговиот татко Пјеро Форисне до раѓањето на самиот уметник. Користеле и документи за да откријат четири семејства поврзани со Доменико, братот на Леонардо. Се смета дека славниот уметник имал најмалку 22 полубраќа и полусестри но самиот немал деца.

Сега од потомците на генијот на Високата ренесанса ќе бидат земени генетски материли, коишто следните месеци ќе ги проучуваат начниците во рамките на меѓународниот „Проектот ДНК на Леонардо да Винчи“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.