Научниците потврдија, мачките може да се заразат со коронавирусот

Мачките може да се заразат со новиот тип коронавирус, а се чини дека кучињата не се подложни на инфекцијата, покажува истражувањето објавено во средата во научното списание Science, кое ја поттикнува Светската здравствена организација (СЗО – WHO) подетално да го проучи прашањето за пренесувањето на вирусот меѓу човекот и домашните миленици.

Според споменатата студија, дури и еден подвид на одомаќениот европски твор може да бидат заразен со вирусот SARS-CoV-2 која ја предизвикува болеста засега означена со Covid-19. Кучињата, кокошките, свињите и патките не е кандидати за зараза со овој коронавирус, заклучиле научниците по двомесечното истражување.

Целта на истражувањето било да се открие кои животни се изложени на ризикот од зараза со овој вирус, за да може да се користат во тестирањата на вакцините за борба со пандемијата на Covid-19, од која од декември 2019 кога вирусот првпат беше регистриран во Кина досега однесе околу 90.000 човечки животи.

Според првичните претпоставки на кинеските научници вирусот SARS-CoV-2 се проширил на луѓето од лилјаците или змиите, односно од врската меѓу нив, а кои подоцна служеле како исхрана продавајќи се на илегалниот пазар во Вухан. Покрај случаите на зараза на мачки и кучиња, досега нема докази дека домашните миленици може да бидат носители на вирусот.

Во неделата тестирањето покажа дека тигрица во зоолошкиот парк во њујоршки Бронкс, коај започнала суво да кашла и го изгубила апетитот по конатактот со заразениот чувар, е позитивна на коронавирусот.

Истражување спроведено во Кина во јануари и февраури покажа дека мачките и феретите (фретки – одомаќените европски творови) се многу подложни на зараза со вирусот, кога научниците се обидувале да ги заразат со внесување на вирусот преку носот. Откриле и дека мачките може да се заразат меѓусебно по респираторниот капличен пат. Заразените мачки го имале вирусот во усната шуплина, носот и во тенкото црево, а мачињата изложени на вирусот имале големи лезии на белите дробови, носот и грлото.

„Откривањето на SARS-CoV-2 кај мачките би требало да се земе предвид во рамките на напорите во елиминацијата на болеста Covid-19 кај луѓето“, наведуваат авторите на студијата објавена во Science.

Кај фретките вирусот е откриен во горниот дел од дишниот тракт, но не предизвикувал потешки симптоми. Тестирањето на кучињата на антителата, пак, покажале дека имаат помалку шанси да се заразат, а свињите, кокошките и патките иако биле изложени на вирусот, во ниеден случај не биле позитивни на него.

„Ова е интересно и не е премногу изненадувачки, имајќи предвид на изворната епидемија на SARS-от во која цивитите (или генети од семејството вивериди – мали и средни цицачи – з.р.) можеби беа еден од пренесувачите на епидемијата на вирусот кај луѓето. Ова истражување ги поткрепува препораките дека луѓето кои боледуваат од Covid-19 треба да се изолираат не само од сите во семејството, туку и од домашните миленици за да не го пренесат вирусот врз нив, особено на мачките“, вели Даниел Куритзкес, шеф на одделот за заразни болести во болницата „Brigham and Women’s“ во Бостон.

Светската здравствена организација во средата објави дека подетално ќе ја проучи улогата на домашните миленици во оваа здравствена криза. Епидемиологот на СЗО, Маријан Ван Керхов, изјави дека врз основа на досегашните докази „нема причина да се верува оти домашните миленици имаат улога во пренесувањето на вирусот на човекот, но дека човекот може да ги зарази“.

Главниот епидемиолог на СЗО, Мајк Рајан, апелира луѓето да не се истураат врз животните поради епидемијата која го погоди човештвото. „Тоа се суштества кои заслужуваат кон нив да се постапува со почитување и љубезност. Тие се жртви како и сите од нас“, порача.