Научниците предупредуваат: чадот од пожарите во Австралија ќе ја обиколи Земјата неколкупати

Американската агенција за вселенски истражувања NASA предвидува дека чадот кој настана во текот на катастрофалните пожари во Австралија ќе ја обиколи Земјата и на тој начин повторно ќе се врати во Австралија и одново ќе го загади воздухот над тој континент. Се очекува дека тоа ќе се случи во текот на наредните денови.

Неколку австралиски градови веќе се најдоа прекриени со густ чад настанат во катастрофалните пожари кои пустошат по Австралија последните недели, вклучувајќи ги градовите Канбера, Аделаида, Мелбурн и Сиднеј. Во тие градови квалитетот на воздухот падна на најлошо ниво забележано досега.

Сателитските снимки покажуваат дека облакот од чад струи во воздухот над Тасманиското Море кон Тихиот Океан. Во текот на изминатата недела сателитите на NASA зебележаа огромни количини чад во атмосферата на Земјата настанат во пожарите и тој чад се шири источно.

Тој чад има драматични ефекти врз Нов Зеланд, наголемо нарушувајќи го квалитетот на воздухот во земјата и го поцрнува дури и снегот на планинските врвови, велат од NASA. Интензивната топлина поради пожарите ширум Австралија предизвика и страшно невреме.

Астрофизичарката Лиза Харви-Смит од Универзитетот на Нов Јужен Велс нагласува дека нема да помине долго време пред тој ист чад настанат во пожарите да ја обиколи планетата и повторно да се најде над Австралија. Харви -Смит додава дека чадот достигнал висина од 17 километри над површината на морето и дека нанапред го турка невремето предизвикано од огнената стихија.

Таа голема висина овозможува чадот да патува пред пречки и над големи атмосферски прилики. Прогнозерот на ABC News, Нејт Бирн, вели дека чадот веројатно ќе се разреди при преминувањето над Јужна Америка, што значи дека кога честичките од чадот повторно ќе дојдат над Австралија, нема да бидат видливи со човечко око.

Брин додава дека жителите на Перт наскоро сепак може да имаат замаглени денови. Честичките од чадот не исчезнуваат и мора некако да се отстранат од воздухот. Што повеќе ги има во воздухот, толку е поголема можноста дел од нив да ја обиколи Земјата и по неколку пати, вели Брин.Тоа значи дека последиците од катастрофалните пожари во Австралија ќе се чувствуваат уште долго време.