Научниците предупредуваат на нов начин на зараза со коронавирусот

Американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC) предупред на веројатноста од инфекција со новиот коронавирус на растојание и поголемо од 1,8 метри, а не само преку поблизок контакт, се наведува во документот објавен на веб-страницата на агенцијата.

„Постојат докази дека, под одредени околности, луѓето со Covid-19 ги заразиле оние на одделеченост поголема од 1,8 метри“, се наведува во најновата објава на CDC посветена на формите во кои се пренесува коронавирусот.

Авторите истакнуват дека тоа е можно во „затворени простори со слаба вентилација, во некои случаи кога болниот кој тешко дише, на пример, пее или се занимава со спорт“.

Во врска со ова експертите во CDC предупредуваат дека „научниците веруваат дека одредено количеsтво ситни честички кои ги шират луѓето со Covid-19 се конценрираат во доволен обем за да го шират вирусот на други луѓе“.

Оние кои се заразиле биле во иста просторија во исто време со болното лице или кусо по неговото заминување. Истовремено, од CDC велат дека најчеста форма на распространувањето на инфекцијата останува преку близок контакт со заболеното лице.

CDC се најде во центарот на скандал кога издаде слично предупредување во септенври, но потоа документот беше повлечен од веб-странциата. Агенцијата тогаш појасни дека станувало збор за погрешно објавување на нацрт-верзијата на документот.