Научниците предупредуваат на поврзаноста на Covid-19 со мозочни удари

Група научници од Универзитетот Кембриџ откриле дека најмалки секој стоти пацинет хоспитализиран со болеста Covid-19 чиј патоген е новиот коронавирос SARS-CoV-2, последователно доживеал мозочен удар.

Во студијата објавена во научното списание International Journal of Stroke, меѓу другото, се истакнува дека пациентите заразени со коронавирусот претрпувале мозочен удар во просек шест години порано отколку што би се случил имајќи ја предвид нивната вкупна задравствена состојба. Покра тоа, процентот на смртните случаи кај луѓето со Covid-19 кои доживеале мозочен удар е двојно поголем отколку кај пациенти без коморбидитети.

Научниците во ова истражување анализирале податоци за повеќе од сто илјади луѓе, и отркиле дека 1,4 отсто од нив веќе имале мозочен удар.

Во текот на спроведувањето на студијата, експертите не успеала да утврдат каква и да е зависност на веројатноста од мозочен удар при зараза со коронавирусот и возраста.