Научниците предвидуваат дека дел од ракетата „SpaceX“ ќе падне на Месечината во март

Дел од ракетата на компанијата „SpaceX“ би требало да падне на Месечината на почетокот од март, според пресметките на научниците на американската агенција за вселенски истражувања NASA.

Научниците внимателно ја следат траекторијата на втората фаза од ракетата „Falcon 9“, соопшти во четвртокот портпаролот на NASA.

Ракетата полета од американскиот космодром „Кејп Канаверал“ во 2015 година носејќи ја автоматизираната опсерваторија „Deep Space Climate“, всушност сателит за набљудување. Меѓутоа, оттогаш остана во Вселената и нема доволно гориво за враќање на Земјата.

Доколку остане на својата моментална траекторија, би паднала на темната страна на Месечината на 4-ти март, соопшти во петокот NASA. Компанијата „SpaceX“, во сопственост на милијардерот Илон Маск која превезува материјал и екипажи во Вселената, сѐ уште не се огласи.

Од NASA соопштија дека нема да може да го набљудуваат ударот на ракетата тешка четири тони од својот „Lunar Reconnaissance Orbiter“, но научниците ќе следат дали и како ударот ќе влијае врз Месечината и дали може да се види кратерот по падот.

Барањето на кратерот ќе биде голем предизвик и може да трае со седмици или месеци, рекоа од NASA, и покрај тоа опишувајќи го ударот како единствена појава којашто „претставува возбудлива можност за истражување“. Проучувањето на кратер кој го формирла вештачки летачки објект со позната маса и брзина, ќе патува со брзина од 9.000 километри на час, како и со составот на материјали, би можело да помогне во унапредувањето на научното проучување на Месечината.

Вселенски летала веќе порано намерно беа уривани на Месечината со научни цели, како што беше во текот на мисијата „Apollo“ за тестирање сеизмометар.

Астрономот Бил Греј, творец на компјутерската програма која се користи за одредување на траекториите на астероидите и другите вселенски објекти, беше првиот кој ја пресмета новата насока на ударот во Месечината. Тој смета дека вселенсиот отпад секога треба да биде насочен кон Месечината кога тоа е возможно, бидејќи тогаш „всушност нешто учиме од тоа“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.