Научниците ѝ предвидуваат климатска катастрофа на Европа

Научниците од Универзитетот во Гронинген предупредуваат дека во текот на овој век северноатлантската струја може да го измени својот тек и да предизвика големи промени на климата на Стариот континент, пишува порталот EurekAlert.

Причината на ваквата промена може да биде топењето на мразот на Гренланд и зголемените врнежи.

Научниците ја проценуваат веројатноста за ваквиот исход на 15 отсто, но самите признаваат дека моделот што го направиле не го зема предвид влијанието од топењето на мразевите на Арктикот, што само би ја зголемило опасноста од ваквите промени.

Сличните промени, според научниците, можат да предизвикаат силно ладење во Европа, бидејќи споменатата мирска струја овозможнива да се одржува релативнот благата клима во Северен Атлантик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.