Научниците се сомневаат дека новиот коронавирус е резултат на рекомбинација

Грчките генетичари ја проучувале структурата на геномот на новиот коронавирус кој предизвика епидемија на пневмонија од Кина и голем број други земји и не откриле докази дека тој може да биде резултат од размена на гените со друг вирус, за што претходно наведуваа кинеските стручњаци, се наведува во статијата објавена на електонската научна библиотека bioRxiv.

„Нашето истражување ја побива хипотезата дека вирусот 2019-nCoV се појавил како резултат на неодамнешна рекомбинација. Особено што речиси половина од неговиот геном, вклучително и делот кој ги кодира шилата на неговата обвивка, одговорни за навлегувањето во човековите клетки, се однесува на уникатна нова линија коронавируси, и кој не е сличен со другите патогени од потфамилијата вируси поврзани со SARS-от“, пишуваат научниците.

Првите анализи на структурата на ДНК на новиот коронавирус, чиешто избувнување започна во Кина кон средината на декември, укажува дека предизвикувачкиот агенс на ова заболување произлегол од ткн рекомбинацијата на вирусот RaTG13, кој ги инфицира лилјаците, и некој непознат коронавирус.

Со овој термин научниците ја означуваат ситуацијата кога два вируса истовремено заразуваат ист организам, што во некои случаи доведува до размена на ДНК или РНК, како што е случајот со коронавирусите кои кодираат некои делови од геномот. Во случајот на вирусот 2019-nCoV, кинеските генетичари посочија дека ваквата размена на генетски материјал му дава можноста да се пренесува од човек на човек, како и редица други единствени карактеристики.

Молекуларните биолози од Атинскиот универзитет се сомневале во ваквиот извод, споредувајќи ги мноштвата мутации во геномите на 2019-nCoV и RaTG13. Од една страна, оваа анализа потврдила дека новиот вирус навистина е тесно поврзан со патогените кои ги инфицираат лилјаците кои живеат во кинеската покраина Јунан, но притоа откриле бројни единствени карактеристики во структурата на РНК на вирусот, кои се некомпатибилни со теоријата за неодамнешната рекомбинција.

Поточно, научниците не откриле никакви навестувања дека геномот на 2019-nCoV претставува своевиден мозаик од фрагменти на РНК на разни вируси, а исто така откриле неколку уникатни куси делови, чија структура била различна генетски материјал карактеристичен за другите вируси, кои припаѓаат на сојот SARS, предизвикувачи на атипичната пневмонија од 2003 година, а истовремено ги погаѓаат лилјаците. Нучниците сѐ уште не знаат како овие секвенци се појавиле во РНК на вирусот 2019-nCoV, но нивното постоење јасно укажува дека вирусот не можел да се појави како резултат на рекомбинација.