Научниците сметаат дека „британскиот сој“ се јавил во САД ланскиот ноември

395

Американски биолози откриле дека британскиот сој на коронавирусот се појавил во САД уште во ноември минатата година и оти веќе се проширил во 30 сојузни држави, а заклучоците на истражувачите кои ги проучувале геномите на 400 примероци на SARS-CoV-2 се објавени во статија во електронската библиотека medRxiv.

„Откривме дека неколку соеви на коронвирусот кај кои ја има мутацијата N501Y, биле донесени во САД во ноември 2020 година и во текот на последниот месец. Во јануари овие сорти на SARS-COV-2 започнале да се шират локално во најмалку 30 сојузни држави“, наведуваат истражувачите.

Во средината на ланскиот декември властите во Велика Британија објавија дека есента се јавиле нови два соја на SARS-CoV-2 со мутацијата N501Y, кои се многу позаразни во споредба со дотогаш познатите соеви и мутации на коронавирусот. Според британските научници, тој првично се јавил во Велс во септември 2020 година, и на почетокот имал многу мала заразност.

Како што сметаат научниците, до крајот на ноеври вирусот претрпел уште околу 17 мутации и потоа започнал побрзо да се шири во Велика Британија, станувајќи доминантен сој во однос на „оригиналниот“ во овој момент. Истражувањата покажале дека тој се шири околу 1,7 до 2 пати побрзо од постојните соеви на SARS-CoV-2, и оти веќе успеал да се прошири во повеќе земји во Европа и Азија. Истовремено, во Бразил и Јужноафриканската Република се откриени локални соеви на вирусот со сличен број и вид мутации.

Група американски молекуларни биолози предводени од Кристијан Андерсен, професор на Истражувачкиот институт Скрипса во Ла Хоја, ги добиле првите докази дека ткн британскиот коронавирус се појавил во САД есента минатата година. Истражувачите ги проучувале податоците од Калифорнија и повеќе други јужни региони на земјата кои ги собрале експертите од геномската компанија „Helix“.

Овие податоци им помогнале на научниците да го следат ширењето на британскиот сој на SARS-CoV-2 преку едноставна шема. Професорот Андерсен и неговите колеги откриле мутации во геномот на овој сој на коронаворусот често предизвикуваат нарушувања во делот на РНК-тестот, кој е одговорен за препознавање на S-протеинот на коронавирусот, клучен дел од неговата обвивка, кој е одговорен за продирување во заразените клетки.

Слична карактерстика на мутациите на британскиот сој на SARS-CoV-2 овозможува да се следи нивното ширење и да се процени нивниот процент меѓу сите случаи на инфекцијата без целосно декодирање на геномите на сите примероци на вирусот собрани во државите каде што биле извршени набљудувањата.

Анализирајќи ја честината на појавата на таквите нарушувања во РНК-тестовите, професорот Андерсон неговиот тим откриле дека британскиот соеви на SARS-CoV-2 се појавил во неколку сојузни држави, во Калифорнија, Флорида, Џорџија и Тексас, истовремено кон крајот на есента и почетокот на зимата. Мутациите на британскиот сој започнале започнале рапидно да се шират низ триесетина држави во јануари, удвојувајќи го својот удел во новите случаи на заразите приближно секоја седмица.

Биолозите двојно ги провериле овие податоци со декодирање на геномите на 200 примероци на вирусот, кои биле земени во периодот од ноември до јануари во Калифорнија и на Флорида. Анализита на нивните геноми ги потврдила првичните сознанија на научниците и посочила дека соевите со мутацијата N501Y стануваат доминантни на територијата на овие држави и во САД како целина ќе бидат во април годинава.

Тоа, според научниците, може да предизвика уште една поголема епидемија на Covid-19 во САД пролетва, доколку властите не успеат навремено да се подготват за тоа. Особено, научниците предлагаат не само да се забраза вакцинацијата на населението, туку и да се засили следењето на ширењето на новите верзии на коронавирусот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.