Научниците сметаат дека пациентите со коронавирус се заразни 11 дена

583

Пациентите инфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-3, единаесет дена по почетокот на симптомите за респираторната волест Covid-19 која тој ја предизвикува, веќе не се заразни, заклулиле истражувачите од Националниот центар за заразни болести (NCID) на Сингапур, како и од кадедрата за вирологија при Академијата за медицински науки во овој азиски град држава, пишува во саботата весникот The Straits Times.

Според процените на научниците, „анализите на наодите кај пациентите кои се опоравуваат може да укажат на присуство на вирусот, но тој веќе не е опасен“. Тие сметаат дека „тестовите откриваат само дел од геномот на вирусот, но не се во можност да ја утврдат неговата одржливост и можноста да се пренесе на друго лице“.

Извршниот директор на центарот, Лео Ји Ксин, истакнува дека истражувачите добнирле „доволна база докази дека едно лице престанува да биде заразно по 11 дена по (манифестирањето на симптомите на) заболувањето“. Истовремено, научникот истакнува дека „постојат исклучоци, на пример, пациентите со онколошки заболувања кои се подложени на хемотерапија или земаат одредени имунолошки препарати по трансплантацијата на органи“.

Меѓутоа, Министерството за здравство на Сингапур сѐ уште нема донесено одлука за признавање на овој концепт. Во моментов пациентот може да биде испишан од болница само по два негативни теста на коронавирусот.

Бројот на заразените со коронавирусот во Сингапур надмина 31.000 илјада, главно мигрантски странски работници, додека бројот на смртните исходи е само 23. Во моментов има над 12.900 оздравени пациенти, а во болниците се хоспитализирани 800. Другите се сместени во привремени изолациони центри и за нив не е потребна хоспитализација.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.