Научниците чекор поблиску до крвен тест за откривање на синдормот на хроничниот замор

Американските научници велат дека се чекор поблиску до развојот на дијагностички тест на крвта за синдромот на хроничниот замор, состојба која ја карактеризира постојаното чувство на исцрпеност и недостиг од издржливост, сила и енергија, се наведува во студијата чиишто резултати се објавени во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.

Синдромот на хроничен замор (Chronic Fatigue Syndrome; CFS) или мијалгичниот енцеаломијелитис (Myalgic Encephalomyelitis; ME) е група симптоми кои се манифестираат преку голема исцрпеност. Слабоста којашто ја чувствуваат пациентите со синдромот на хроничниот замор е долготрајна и исцрпувачка. Презаморени се за извршување на вообичаените активности и лесно се исцрпуваат без видлива причина. Другите симптоми вклучуваат општа болка, дури и во лежечка положба, несвестица, нејасни мисли, симптоми слични на грипот, чести инфекции, болки во мускулите и зглобовите и депресија, како и намалена желба за сексуални односи.

Симптомот CFS погаѓа два ипол милиони луѓе во САД и дури 17 милиони ширум светот. Со споменатото истражување биле анализирани примероците од крвта на доброволци со помош на ткн „наноелектронички тест“. Научниците користеле рани меѓупродукти кои се вклучени во метаболичкиот процес во крвната плазма. Кај заболените учеснции во студијата забележани се абнормалности во повеќе од 20 метаболички процеси. Метаболитните вредности на заболените биле главно далеку над нормалните.

Стручњаците кои не учествувале во студијата, пак, предупредуваат дека сѐ уште е потребно да се спроведат многу тестирања пред да се открие „вистинскиот“ биомаркер со кој со сигурност би се дијагностицирал CFS и би се овозможило оваа болест да се разликува од другите состојби со слични сомптоми. Така, Сајмон Весели, шеф на одделот за психијатрија при Институтот за психијатрија и невронауки на лондонскиот Кралски колеџ, кој со години лекувал пациенти со синдромот на хроничен замор, вели дека студијата, сепак, не успеала да даде одговори на две клучни прашања: Може ли кој и да е биомаркер да овозможи да се разликува пациент со CFS од оној кој има слични симптоми и Дали со овој тест се мерат примероците од болеста или нејзините последици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.