Научниците ги откриваат главните причини за појава на ракот на дојката

Дебелеењето и злоупотребата на алкохолот ги зголемуваат шансите за појава на рак на млечната желзда, се истакнува во едно од последните истражувања во врска со ова заболување објавни во специјализираното списание International Journal of Cancer.

Австралиските научници ги комбинирале и анализирале податоците од шест истражувања во кои учествувале повеќе од 200 илјади жени. Експертите настојувале да дознаат колку случаи на ова заболување може да се спречат со превентивни мерки. Студијата покажала дека главната причина за појава на ракот на дојката се прекумерната тежина и алкохолот.

„Откривме дека нивото на тежината може да претставува најголемиот удел во слуачите на спречување на појавата на рак на дојката во иднина – во 17.500 случаи или 13 отсто во следната деценија“, вели учесничката во обемното истражување, Маарит Лааксонен. Додава дека на консумирањето алкохол отпаѓаат 11.600 од таквите случаи.

Покрај тоа, седум отсто од случаите на ракот на дојката кај испитаничките биле предизвикани од долготрајната употреба, повеќе од пет години, на хормонската терапија во текот на менопаузата, се додава во студијата за најечстиот тип на рак кај жените.