Научниците го проценија ризикот од судар на голем астероид со Земјата

Европската вселенска агенција (ESA) ја ажурираше листата на вселенски објекти коишто претставуваат потенцијална опасност за Земјата.

Најблизок инцидент според датумот е хипотетичкиот судир на Земјата со астероидот 2006QV89. Според експертите на ЕSA, тоа би можело да се случи на 9-ти септември годинава.

Веројатноста за ваков настан се проценува на 1 наспроти 7.000. Во моментов споменатиот астероид е на околу 6,7 милиони километри оддалечен од Земјата.

Размерите на астероидот изнесуваат 109 метри во должина и 48,5 метри во широчина, што може да се спореди со фудбалско игралиште. Ова космичко тело веќе неколкупати во минатото пролетуваше крај Земјата, во 50-те, 60-те, 70-те и 80-те години од минатиот век, но астрономите успеаја да го набљудуваат преку телескопите само во 2006 година од опсерваторијата во Аризона.

На врвот на листата на потенцијалните закани од удар во планетава е астероидот 2010RF12. Научнциите претпоставуваат дека опасното приближување на овој објект на Земјата ќе се случи во 2095 година. Веројатноста за судир се проценува на 1 наспроти 16.