Научниците поблиску до создавањето наметка за невидливост

Научниците од канадскиот Национален научно-истражувачко институт создале уред кој ги прекрива објектите со широкопојасна невидливост, а принципите според кој работи тој се објавени во списанието Optica.

Разликата меѓу новиот пронајдок и сите досегашни се состои во тоа што овој произведува реверзибилна редистрибуција на боите. Механизмот на дејствувањето истражувачите го појасниле со примерот на објект кој ја пропушта зелената светлина. При нормални околности детекторот ќе ја фати бојата, но при користење на новиот уред, тоа не се случува.

Кога целиот светлосен спектар паѓа врз уредот, тој емитува една боја, во овој случај зелената, и го маскира со друга, на пример со сина. Светлината минува низ објектот, а потоа вториот дел го претвора спектарот во оригиналниот, што и го прави објектот невидлив.

„Ние направивме пробив во областа на камуфлирањето – го направивме објектот целосно невидлив во услови на реалистично широкопојасно осветлувње. Светлосниот бран минува из објектот без никаквко изобличување, како и да не постои“, вели професорот Хозе Азана, кој работел на проектот.

Во текот на експериментот објектот бил осветлен само од едната страна, но теоретски технологијата може да го сокрие објектот и при повеќе извори на светлина. Според научниците, развоот на уредот претставува само прв чекор во напорите да се создаде ткн наметка на невидливоста.