Научниците потврдија: Аерозагадувањето зема повеќе жртви отколку пушењето

Секоја година сè повеќе луѓе во Европа умираат како последица на загаден воздух, дури и повеќе отколку од пушењето. Според истражување, објавено во European Heart Journal, загадувањето на воздухот двојно ја зголемува стапката на смртност.

Научниците заклучиле дека секоја година 790.000 Европејци умираат од загадување на воздухот. На глобално ниво, околу 8,8 милиони луѓе умираат поради лошиот квалитет на воздухот.

Во исто време, според проценките на Светската здравствена организација (СЗО), смртноста од пушењето е 7,2 милиони луѓе годишно. 40% – 80% од смртните случаи се предизвикани од кардиоваскуларни болести.

Експертите велат дека загадувањето на воздухот, исто така, го намалува вкупниот животен век. Голема смртност како последица на загадувањето на воздухот е забележана во земјите од Источна Европа.