Научниците создале кромид кој не расплачува

Познато е дека секое ситнење на кромидот предизвикува солзање, но благодарејќи на наулницир сега луѓето ќе мора да се соочуваат со своите емоции наместо за тоа да го обвинуваат продуктот кој ги тера да плачат.

Кромидот Suniontго развиле научниците на германскиот фармацевтски гигант „Bayer“ по три децении вкрстување и не станува збор за генетски модификуван производ, појаснуваат од компанијата на својата интернет страница.

Кромидот кој не расплакува и кој расте само во САД станува секој ден се’ посладок, додаваат од компанијата.

Поради тоа што Sunion не е толку „интензивен“ може да се јаде и свеж. Компанијата, сепак, не наведува дали издостанива потполно, по консумирњето, здивот од устата на кромид.

Оваа најнова намирница може да пензионира низа иновативни производи за кои се тврди дека може да обезбедат безгрижна подготовка на кромидот без солзи, од специални заштитни очила до посебни сецкачи.