Наумче Мојсоски ќе биде новиот директор на Агенција за млади и спорт

45

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец, Наумче Мојсоски, ќе биде новиот директор на Агенцијата за млади и спорт, пишува ПлусИнфо. Стружанецот седнува на оваа функција на местото на Дарко Каевски, кој стана пратеник во македонското Собрание.

Мојсоски е еден од најпознатите македонски ракометари, беше член на златната генерација која во 2012 го освои петтото место на ЕП во Србија, а во клупската кариера има настапувано за Лехвија, Риоха и ЧМС Букурешт, каде што ја заврши кариерата, а во Македонија беше член на Металург, Вардар, Пелистер, Југ и Струга.

За националниот тим на Македонија има преку 100 натпревари. По пензионирањето, беше прв човек на Струга, а активно „влезе“ во политиката како член на СДСМ пред претседателските избори кои се одржаа минатата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.