Наумоски: Секој што облекол копачки а е пријател на некој од ФФМ – автоматски е репрезентативец

Резултатите на македонската фудбалска репрезентација предизвикаа разочарување кај сите

Еден од оние кои јавно се појави со свое видување на репрезентативниот фудбал е и поранешниот репрезентативец, Илчо Наумоски.

Тој на Фејсбук го изрази своето разочарување од моменталната ситуација во македонскиот фудбал, а “удри” по раководството на ФФМ и дел од сегашните членови на репрезентацијата.

Илчо Наумоски разочаран од ситуацијата во репрезентативниот фудбал, јавно "удри" по ФФМ и дел од репрезентативците
Илчо Наумоски разочаран од ситуацијата во репрезентативниот фудбал, јавно “удри” по ФФМ и дел од репрезентативците

Илчо Наумоски за македонската фудбалска репрезентација одигра 45 натпревари и постигна девет голови.

Тој и стави крај на фудбалската кариера ова лето на 32-годишна возраст откако доживеа тешка повреда на стартот на својата авантура во дресот на Вардар за кого одигра само три натпревари и постигна два гола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.