Наумов: Конечно се откри колкав е јавниот долг

Конечно, министерот за финансии Зоран Ставревски призна дека со години се прикрива јавниот долг на државата и дека не се почитувале законите и меѓународните методологии, вели Кире Наумов од СДСМ.

„ Ова е документ изработен од Министерството за финансии со потпис од министерот Ставревски во кој се гледа вистинскиот износ на јавниот долг на Република Македонија.Вкупниот јавен долг во овој документ е пресметан според Законот за јавен долг и по методологијата GFS (Government Finance Statistics). Методологии по кои сите држави ја претставуваат својата задолженост. Согласно овој документ министерот Зоран Ставревски признава дека на 30.09.2013 година јавниот долг на РМ изнесувал 3 милијарди и 226 милиони  евра или 40 отсто од Бруто домашниот производ (БДП) кој го прогнозира Министерството за финансии. Ако на ова ги додадеме задолжувањата во последните три месеци од 2013, тој изнесува 3 милијарди и 390 милиони евра и е 42 отсто од БДП“, вели Наумов