Наумовски како прва аквизиција на газда Самсоненко

Илчо Наумовски, поранешниот репрезентативец на Македонија, најверојатно ќе биде првата зимска аквизиција на новиот сопственик на најтрофејниот клуб во нашата земја, рускиот бизнисмен, Сергеј Самсоненко.

Искусниот напаѓач денеска тренираше со останатите фудбалери на Вардар, а најавената соработка најверојатно ќе биде договорена во следните неколку, откако во клупските простории ќе се појави и новиот сопственик на најпознатиот спортски бренд во Македонија.