Навални: Путин развива нов вид хемиско оружје

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални тврди дека рускиот претседател Владимир Путин развива нов вид хемиско оружје со кое неодамна бил отруен.

Во интервју за Си-Би-Ес, Навални истакнал дека Путин го користи ова оружје за „да го убие и со тоа да ги исплаши другите“, тврдејќи дека рускиот претседател ужива во тоа луѓето „да бидат мртви без испукан куршум од пушка и трага дека нешто се случило“, пренесува порталот Кликс.ба.

Инаку жестокиот критичар на Кремљ билотруен со нервниот агенс „Новичок“ во Русија, по што помина 32 дена во болница, од кои 24 на интензивна нега.

„И реков на стјуардесата дека сум отруен, дека ќе умрам и веднаш паднав. Веројатно ја шокирав со нејзината изјава“, рекол Навални.

Меѓутоа, додека руските лекари тврдат дека Навални не бил отруен, германските експерти за хемиско оружје утврдиле дека е отруен со Новичок, отров од советската ера, а тие откритија биле потврдени во лабораториите во Франција и Шведска. Новичок бил искористен и во нападот на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во март 2018 година во англискиот град Салсбери.

Рускиот лидер на опозицијата додал дека Новичок е можеби најотровната алатка што ја измислиле луѓето, и дека онаа со која е затруен е всушност нов вид. „Ова докажува дека Путин развива нова програма за ова забрането хемиско оружје“, објавил Навални.

Потоа тој објаснил колку е исклучително тешко да се дојде до Новичок, а според тврдењата на другите дека Путин не е одговорен за нападот врз него, Навални се прашува „зошто тогаш нема истрага“.

Во интервју за „CBS“, Навални го повика претседателот на САД, Доналд Трамп, да го осуди хемискиот напад врз него.

„Сметам дека е исклучително важно сите, се разбира, вклучително и претседателот на САД, да бидат многу против употребата на хемиско оружје во 21 век“, изјави Навални за „CBS“.