Навални си ја бара облеката која ја носел на денот на труењето

Критичарот на Кремљ и опозиционер Алексеј Навални кој се опоравува во Германија откако беше отруен со нервен агенс ги повика руските истражители да ја вратат неговата облека, која, според него, е клучен доказ во случајот. Навални во објава на неговата веб-страница наведе дека истекол рокот од 30 дена на полицијата да ја спроведе „предистражната проверка“ на, како што рече, обид за убиство со труење и дека сега има право да си ги врати предметите.

Навални сериозно се разболе за време на лет од сибирскиот град Томск каде вршеше истрага за државна корупција. Авионот принудно слета во Омск од каде Навални беше префрлен во болница. Опозицискиот активист беше пренесен со хеликоптер два дена подоцна во Германија, каде што лекарите потврдија дека бил отруен со Новичок, нервен агенс од времето на Советскиот Сојуз.

Германските лекари соопштија дека Новичок е пронајден и во неговото тело и на кожата. „Пред да ми дозволат да ме одведат во Германија, целата облека ми беше земена и ме испратија потполно гол. Со оглед на фактот дека Новичок беше пронајден на моето тело и дека многу веројатно бев заразен преку контакт, мојата облека е многу важна доказ “, рече Навални во објавата.