Навивачите ги нападнаа играчите, тепачка во Боговиње

Тепачка на фудбалски натпревар во тетовско Боговиње, навивачите ги нападнаа играчите од спротивниот тим.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера околу 15 часотво тетовско село Боговиње  за време на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Дрита“ и ФК „Слога“ дошло до тепачка.

Дел од навивачката група на ФК „Слога“ влегле на теренот и физички го нападнале комесарот и домашните играчи, поради што натпреварот бил прекинат.

По целосно расчистување на случајот против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.