Навивачите на Баерн бараат прекин на Бундеслигата

Бундеслигата е во првиот викенд во нејзината историја со натпревари пред празни трибини. Одлуката ја донесе раководството на германската фудбалска федерацја, но навивачите на Баерн излегоа со поинакво барање – да се прекине првенството.

„Го критикуваме моментното решение за мечеви без публика и ја повикуваме Федерација за итен прекин на шампионатот. Погледнете во Италија, земјата е во вонредна состојба. Многу луѓе, вклучително и навивачите, максимално се солидаризираат и својот социјален живот го ставаат во втор план. Не станува збор за страв да не бидат заразени, туку за заштита на ризичните групи и спречување на оптоварување на здравствениот систем“, се вели во реакцијата на фановите на Баварците.

Тие соопштија дека нема да патуваат организирано во Берлин на саботниот меч против Унион, но и дека претстојните мечеви нема да ги гледаат заеднички пред „Алијанц арена“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.