Навивачите на ЦСКА со провокации кон македонските фудбалери: „Бугари, Бугари…“

Навивачите на ЦСКА Софија ги пречекаа македонските фудбалери на Ѓорче Петров со извици „Бугари, Бугари“ пред почетокот на реваншот од второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Фудбалерите на Македонија ЃП не одговорија на провокацијата од приврзаниците на „црвените“, кои го наполнија секторот „А“ на стадионот на бугарската армија.