9.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Навивачите на Манчестер Јунајтед најавуваат протести, предупредуваат дека дуелот со Ливерпул нема да се одржи

Најголемото дерби во англискиот фудбал, дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул кој е закажан за вечерва со почеток во 21 часот на „Олд Трафорд“,  би можел да биде одложен поради немири кои ги најавија навивачите на „Црвените ѓаволи“.

Како што јавуваат медиумите од Островото, над 10.000 навивачи на Јунајтед најавија дека ќе организираат големи протести против сопственикот на клубот Џо Глејзер бидејќи се незадоволни од начинот на кој го водат клубот.

Полицијата е предупредена дека навивачите планираат упад на теренот за да спречат одигрување на натпреварот, а нешто слично веќе се случи минатата година.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп веќе изјави дека се надева дека претстојниот дуел нема повторно да се одложи.

-Се надевам дека тоа нема да се случи, но ако се случи мислам дека ние треба да ги добиеме бодовите. Ние немаме ништо со ситуацијата во нивниот клуб, навивачите на Јунајтед се тие кои сакаат натпреварот да се одложи. Ние не можеме само да ги одложуваме натпреварите, изјави Клоп.

Според фотографиите објавени на социјалните мрежи пред „Олд Трафорд“ беше се поставени барикади, а забележано и е зголемено обезбедување.