Навивачите пишуваа пораки на дресовите на македонските ракометари

70

По повод учеството на македонската репрезентација на Европското првенство во Данска (12 – 26 јануари) во организација на „Пивара Скопје“се одржа потпишување на дресовите на ракометарите во знак на поддршка од навивачите.
На специјалните дресови на македонските репрезентативци се потпишаа многубројни фанови кои беа присутни во трговскиот центар „Сити Мол“.
На настанот присуствуваа и репрезентативците Стојанче Стоилов и Дејан Манасков кои ги поздравија присутните навивачи заблагодарувајќи им се на поддршката од името на целиот национален тим.
Дресовите со пораките од навивачите ќе им бидат предадени на репрезентативците непосредно пред нивното заминување за Данска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.