Навивачите ја избраа најдобрата екипа на СП во Русија

Откако беше прогласен за најдобар играч на Светското фудбалско првенство во Русија, а потоа и вброен во списокот на кандидатите за најдобар фудбалер на годината во изборот на меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА, капитенот на хрватската селекција Лука Модриќ беше избран со најмногу гласови од навивачите во најдобриот тим на штотуку завршениот мундијал.

Модриќ во изборот на навивачите собрал најмногу гласови – 65.177. За него е бразилскиот играч од средниот ред Фелипе Кутињо со 59.093 гласови,м и најдобриот млад играч на првенството францускиот напаѓач Кулиан Мбапе кој добил 54.325 гласови.

Интересно е што португалската ѕвезда Кристијан Роналдо добил речиси двојно помалку гласови од Модриќ – 31.971, додека Аргентинецот Лионел Меси не добил доволно гласови ниту да влезе во идеалните единаесетмина во изборот на навивачите.

Во најдобриот тим на СП, кој е составен во формацијата 4-3-3, се Тибо Куртоа (Белгија) – Марсело (Бразил), Рафаел Варан (Франција), Диего Годин (Уругвај), Тиаго Силва (Бразил) – Фелипе Кутињо Бразил), Лука Модриќ (Хрватска), Кевин Де Брујне (Белгија) – Кристијано Роналдо (Португалија), Хари Кејн (Англија), Килијан Мбапе (Франција).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.