Назначен нов судија поротник, продолжуваат рочиштата за „Титаник“, „Топлик“ , „Талир“ и „Тендери“

По назначување на нов судија поротник во дел од предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство, за август и септември закажани се термини за одржување на главните расправи за предметите „Титаник“, „Топлик“ , „Талир“ и „Тендери“, соопштија денеска од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Судот информираат дека за „Топлик“ рочиште е закажано на 23-ти август 2021, ден потоа на 24 август за „Титаник“, за „Талир“ на 3-ти септември,  додека за „Тендери“ на 6 септември, за што веќе се известени странките во постапката.

Судскиот совет неодамна разреши двајца судии – поротници, кои беа дел од овие судења, поради навршени 60 години возраст

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.