Назначена нова директорка на Клиниката за кожни болести

Директорката на Клиниката за дерматовенерологија Нина Цаца Биљановска и официјално е разрешена, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

„Сакам да ве известам дека има нова директорка на Клиниката. Сите колеги, лекари, пациенти кои имале контакт со неа се посетуваат од епидемиолози, никој нема знаци на заболување“, истакна Филипче.

Сузана Николовска е новата директорка на скопската Клиника за Кожни болести откако пред неколку денови беше разрешена Цаца Биљановска, која една седмица  криела дека има симптоми на корона вирусот и нормално си одела на работа.

Министерот посочи дека потесното семејството на инфицираната докторка е во изолација, но дека епидемилозите утврдиле дека нема ризик тие да бидат преносители на вирусот. Во однос на останатите членови на семејството, никој друг немал симптоми на вирус.