НБА ја одобри рекордната продажба на Нетс

Џозеф Цаи, новиот сопственик на Бруклин Нетс

Челниците на американската професионална кошаркарска НБА лига и официјално ја одобрија продажбата на екипата на Бруклин Нетс на тајванско-канадскиот милијардер Џозеф Џо Цаи за рекордни 2,35 милијарди долари, што е рекордна сума во американскиот спорт.

Цаи минатата година купи 49 отсто од акциите на Нетс за милијарда долари, сега се реши да ги купи и другите 51 отсто од Русинот Михаил Прохоров за 1,35 милијарди долари. Цаи притоа стана и сосптвеник на салата „Barclays Center“ во кој домашните натпревари ги играат Нетс.

Прохоров ги купи Нетс во 2010 година и ги пресели од Њу Џерси во Бруклин, а сега е во сопственост на коосновачот на интернет-продавницата „Alibaba“.

Продажбата на Нетс е најскапата трансакција во американскиот спорт, а досега тоа беа продажбата на НХЛ екипата Каролина Пантерс и НБА клубор Хјустон Рокитс, кои изнесуваа по 2,2 милијарди долари.