НБА: Адебајо долгорочно во Мајами, Инграм во Њу Орлеанс

Бам Адебајо, Мајами Хитс

Центарот на Мајами Хитс, 23-тодишниот Бам Адебајо договори со својот сегашен клуб продолжување на важечкиот договор за уште пет години, кој со сите бонуси може да му донесе заработка од 195 милиони долари.

Мајами имаше време да му понуди продолжување на договорот на Адебајо до 21-ви декември, ден пред да почне новата сезона, но челниците на клубот се решија на овој чекор еден месец пред последниот рок.

Основата сума на договорот изнесува 163 милиони долари, а може да достигне и до 195 милиони долари, доколку Адебајо во 2021 година успее да се пласира во изборот на првата екипа во НБА лигата, доколку биде прогласен за најдобар одбранбен играч или најкорисен играч.

Слична понуда прифати и Брендон Инграм во Њу Ореланс Пеликанс, кои за продолжување на верноста за уште пет години му понудија 158 милиони долари.

Претходните денови максимални продолжувања на договорите потпишаа уште тројца игачи во најсилната кошаркарска лига на светот кои го стекнаа ова право во овој преоден рок.

Џејсон Тејтум ја прифати понудата од Бостон Селтикс од 195 милиони долари за дополнителни пет години, а истите услови ги прифати и Донован Мичел за останувањето во Јута Џез, додека Де’Аарон Фокс за останувањето во редовите на Сакраменто Кингс доби 163 милиони долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.