НБА: Антиќ не успеа да погоди за три, Атланта поразена

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ ја пропушти шансата да биде херој на синоќешниот меч, откако при резултат 109:112 промаши шут за три поени со кој ќе обезбедеше продолжение за својот тим. Сепак Антиќ не успеа да погоди, па Лејкерси славеа со 109:114.

Најзаслужен за победата на “езерџиите” беше Коби Брајант кој постигна 28 поени, со кои ја мина границата од 32.000 поени во кариерата. Пол Милсап беше најефикасен кај Атланта со 29 поени, 23 поени дополни Џеф Тиг додека нашиот Антиќ за 17 минути игра заврши со 4 постигнати поени.

НБА резултати:

Атланта Хокс-Лос Анџелес Лејкерс 109:114

Милвоки Бакс-Њујорк Никс 117:113

Јута Џез-Оклахома Сити Тандер 98:81

Сакраменто Кингс-Њу Орлеанс Пеликанс 100:106


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.