НБА: Атланта поведе во финалето на Истокот, 48 коша на Јанг

Кошаркарите на Атланта Хоукс поведоа со 1-0 во серијата до четири победи против Милвоки Бакс во финалето од доигрувањето на Источната конференција во НБА лигата, откако ноќта кон четвртокот славеа со 116:113.

Главна фигура на мечот беше Треј Јанг кој постигна 48 коша со 11 асистенции, а ги реализираше клучните слободни фрлања на 4,6 секунди пред крајот на натпреварот.

„Кога одев во средно училиште, секогаш сакав да играм на гостински терен. Сакам да играм пред публиката на домашните, тоа и натаму е чувство дека навистина си со својата екипа, мислам дека тоа го зближува тимот“, изјави Јанг кому недостасуваа два поена за да го израмни рекордот на својата кариера.

Џон Колинс додаде 23 коша со 15 скокови, а Клинт Капела 12 поени и 19 скокови.

Тренерот на Бакс, Мајк Баденхолцер, призна дека тој и неговиот стручен штаб поголемиот дел од мечот се обидувале да смислат одговор за Јанг, но дека не го нашле.

„Ќе мораме да станеме многу подобри во вториот натпревар. Јанг е одличен играч. Имаше одлична ноќ, но смета дека можеме да играме подобро“, рече Баденхолцер.

Кај домашните најефикасни беа Јанис Адетокунмпо со 34 коша, 12 скокови и 9 асистенции, а Џру Холидеј додаде 33 коша со 10 асистенции.

Вториот дуел на распоредот е ноќта од петокот кон саботата, повторни во „Фисерв Фориум“ во Милвоки.

Во финалето на Западната конференција, Феникс Санс, водат со 2-0 во серијата против Лос Анџелес Клиперс.