НБА: Далас повторно ги доби Лејкерс

Вторпат со ред за само два дена Далас Маверикс ги победија Лос Анџелес Лејкерс овојпат ноќта кон неделата со 108:93, иако во втората четвртина Езерџиите имаа предност од 17 коша.

Домашните Маверикс повторно ги предводеше Словенецот Лука Дончич, кои впиша 18 поени, 13 асистенции и 8 скокови, а најефикасен беше Двајт Пауел со 25 коша.

Лејкерс и натаму се без повредениот Леброн Џејмс, додека Ентони Дејвис во својат втор меч по повредата откако пропушти 20 натпревари, постигна 17 коша, но со многу слаб шут 5 од 19 обиди. Првпат во почетната петорка на Лејкерс настапи Бен Меклемор, кој беше и најефикасен кај гостите со 20 коша, погодувајќи шест „тројки“.

Јута Џез загубија од Минесота Тимбервуфлс со 96:101, иако водечкиот тим во НБА лигата имеше предност и од 17 поени. Но Минесота во последните две четвртини успеа да направи пресврт, благодатрејќи ја Карл-Ентони Тоунс, кој оствари 24 коша и 12 скокови. Д’Анџело Расел и Ентони Едвардс постигнаа по 23 поени, а Џош Окоги ги погоди клучните две слободни фрлања на 6,2 секунди пред крајот, со кој ја потврди победата на Тимбервулфс.

Кај Јута и на мечот беше најефикасен хрватскиот играч Бојан Богдановиќ со 30 коша, од кои седум „тројки“. Џезерите настапија без повредениот Донован Мичек, кој е нивниот најдобар играч сезонава. Се истакнаа и Мајк Конли со 18 поени и 7 асистенции, и Џордан Кларксон со 15 коша.

Ан Антониот Спарс на гости со 110:108 ги совладаа Њу Орлеанс Пеликанс.

Милвоки Бакс со 132:94 ги демолираа Филаделфија 76ерс, а ги предводеше Јанис Адетонкумпо со 24 коша и 14 скокови. Воедно Адентонкумпо ги престигна Глен Робинсон со 12.010 според бројот на постигнатите поени во клупската историја и сега со 12.023 коша е на второто место, зад легендарниот Карим Абдул-Џабар со 14.211 коша.

РЕЗУЛТАТИ

Њујорк Никс – Торонто Репторс 120:103
Милвоки Бакс – Филаделфија 76ерс 132:94
Индијана Пејсерс – Детроит Пистонс 115:109
Њу Орлеанс Пеликанс – Сан Антонио Спарс 108:110
Мајами Хитс – Чикаго Булс 106:101
Далас Маверикс – Лос Анџелес Лејкерс 108:93
Јута Џез – Минесота Тимбервулфс 96:101
Денвер Нагетс – Хјустон Рокетс 129:116

ТАБЕЛИ

Источна конференција

Бруклин Нетс 40 20 66,7
Филаделфија 76ерс 39 21 65.0
Милвоки Бакс 37 22 62,7
Њујорк Никс 34 27 55,7
Атланта Хоукс 33 27 55.0
Бостон Селтикс 32 28 53.3
Мајами Хитс 32 29 52.5
Шарлот Хорнетс 29 30 49,2
Индијана Пејсерс 28 31 47.5
Вашингтон Визардс 26 33 44.1
Чикаго Булс 25 35 41,7
Торонто Репторс 25 35 41,7
Кливленд Кавалирс 21 38 35,6
Орландо Меџикс 18 41 30.5
Детроит Пистонс 18 43 29.5

Западна конференција

Јута Џез 44 16 73.3
Феникс Санс 42 17 71,2
ЛА Клиперс 43 19 69.4
Денвер Нагетс 39 21 65,0
Лос Анџелес Лејкерс 35 25 58.3
Далас Маверикс 33 26 55,9
Портланд Трејл Блејзерс 32 27 54.2
Мемфис Гризлис 30 28 51,7
Сан Антонио Спарс 30 29 50,8
Голден Стејт Вориорс 30 30 50.0
Њу Орлеанс Пеликанс 26 34 43.3
Сакраменто Кингс 24 35 40,7
Оклахома Сити Тандерс 20 40 33.3
Минесота Тимбервулфс 17 44 27,9
Хјустон Рокетс 15 46 24,6