НБА: Денвер и Торонто израмнија

Торонто Репторс ноќта кон понеделникот со победата на Филаделфија 76ерс израмнија на 2-2 во полуфиналето од Источната конферендицја, а слична е и ситуацијата во Западната конференција каде што Денвер Нагет совладувајќи го Портланд Трејл Блејзерс, исто така, израмнија на 2-2 во серијата до четири победи.

Денвер на гости со 116:112 беа подобри од Портланд, а до победата ги водеше Џамал Мареј кој натпреварот го заврши со 34 коша. Покрај него, најдобар поединец кај Нагетс беше и Никола Јокиќ кој впиша „трипл-дабл“ со 21 поен, 12 скокови и 11 асистенции.

Пол Милсан додаде 21 кош и 10 скокови за Денвер кој е домаќин во вторник во петтиот дуел со Порталнд. Си Џеј Мекалам постигна 29 поени, а Демијан Лилард 28 поени за Блејзерс.

Торонто, исто така, на гости со 101:96 ја совладаа Филделфија, а најзаслужен за победата беше Кеваи Леонард со 39 коша, 14 скокови и 5 асистенции. Кај Филаделфија најдобар беше Џими Батлер со 29 поени и 11 скокови, а Џеј Џеј Редик додаде 19 коша. Петтиот натпревар се игра во вторник во Торонто.