НБА: Феникс поведе во финалето на Западот против Клиперс

Кошаркарите на Фениск Санс ги победија Лос Анџелес Клиперс со 120:114 во првиот натпревар во финалето од доигрувањето во Западната конференција на НБа лигата, кој се одигра во неделата вечерта по средноевропско време во нивната сала пред 16.583 гледачи.

Санс до победата ги предводеше Девин Букер со 40 поени, 13 скокови и 11 асистенции, со својот прв „трипл-дабл“ во кариерата. Деандре Ејтон го следеше со 20 коша и 9 скоковои, а важна ролја во тензичната завршница на мечот одигра Микал Бриџес кој дуелот го заврши со 14 поени. Феникс на овој дуел настапија без Крис Пол, кој се наоѓа во ковид-протоколот и не е познато кога ќе може да ѝ се приклучи на екипата.

Најдобар играч кај Клиперс беше Пол Џорџ кој впиша 34 коша со пет асистенции и четири скокови. Реџи Џексон мечот го заврши со 24 поени. Клиперс и натаму играат без својот најдобар играч Каваи Леонард кој има повредено колено.

Вториот натпревар од серијата којашто се игра во четири победи е на распоредот е ноќта кон средата, во 3 часот по средноевропско време, а домажин повторно ќе бидат Феникс Санс.