НБА: Феникс Санс на продажба

Американскиот клуб во професионалната кошаркарска НБА лига, Феникс Санс, чија екипа претходната сезона играше во големото финале на плејофот а оваа сезона имаше најдобар сооднос на победи и порази, ќе го промени сопственикот.

Актуелниот сопственик на Санс и женската екипа од професионалната ВНБА лига Феникс Меркјури, Роберт Сарвер, изјави дека е во потрага по заинтересирани откако НБА лигата го суспендираше на една година и финансиски го казни со 10 милиони долари обвинувајќи го за расистички коментари и непристоен речник, како и „сексистичко однесување“ кон вработените жени.

Сарвер ги купи Феникс Санс во 2004 година за 401 милиони долари, а моменталната вредност на клубот е проценета на 1,8 милијарди долари.

„Зборовите поради коишто длабоко жалам ги засенија двете децении градење на организациите кои ја јакнеа целата област на Феникс. Како верник, верувам во проштевањето, но во моменталната неопростлива клима ми стана болно јасно дека тоа не е возможно. Што и добро да сум сторил или би сторел ќе остане во сенката на она што го изреков во минатото. Затоа започнав постапка за барање купувачи како за Санс, така и за Меркјури“, објави Сарвер