НБА ги објави кандидатите за личните признанија и кој ќе се бори за МВП наградата

Во текот на вчерашниот ден од НБА го објавија списокот на кандидати за индивидуалните награди кои ќе се доделуваат за сезоната што изминува.

Многумина го чекаа редоследот за тоа кои играчи ќе се борат за најпрестижната, МВП награда.

Сега конечно го добија одговорот и познато е дека за престижното индивидуално признание ќе се борат тројца кошаркар и тоа, Јанис Адетокумбо, Леброн Џејмс и Џејмс Харден.

Минатата сезона ова признание замина во рацете на Адетокумбо кој е номиниран и за најдобар дефанзивен играч во друштво на Ентони Дејвис и Руди Гобер.

Во категоријата „Играч кој најмногу напредувал“ има место за Лука Дончиќ, Бам Адебајо и Брендон Инграм, додека за наградата за најдобар тренер на сезоната ќе се борат Мајк Буденхолзер, Бил Донован и Ник Нурс.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.