НБА: Голден Стејт поведе со 2-0 против Кливленд (ВИДЕО)

Голден Стејт Вориорс ги совладаа Кливленд Кавалирс со 132:113 и дојдоа до рекордната 14-та последователна победа во годиншеното доигрување на НБА лигата и поведоа со 2-0 во големото финале.

Кливленд во вториот натпревар добро се држеше во првото полувреме, и на половина од мечот заостануваше само три поена (67.64). Но, во продолжениот одбрана на Кавалирс полека се распаѓаше, а кога Кевин Дурант, Стеф Кари и Клеј Томпсон, со „тројки“ почнаа да го полнат противничкиот кош, гостинската екипа не можеше веќе да се врати во игра. Предноста на Голден Стејт кон средината на последната четвртина се зголеми и на 22 кошеви.

Повторно незадржлив беше Кевин Дурант кој постигна 33 поени и 13 скокови, шест асистенции и дури пет блокади. До својот прв „трипл-дабл“ во плеј-офот стаса и Стеф Кари со 32 поени, 10 скокови и 11 асистенции. Клеј Томпсон додаде 22 поени со седум скокови.

На Кавалирс не им помогна „трипл-даблот“ на Леброн Џејмс со 29 поени, 11 скокови и 14 асистенции. Го следеше само Кевин Лав со 27 кошеви и седум скокови, додека Кајри Ирвинг за 19 поени шутираше 23 пати, ии 8 од 23.

Финалната серија со следните два меча се сели во Кливленд, а првиот дуел во „Квикен Лоан Арена“ на распоредот е ноќта кон четврток, во 3 часот по полноќ.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.