НБА: Ирвинг останува во Бруклин, Вол кон Клиперс

Американската кошаркарска ѕвезда Кајри Ирвинг одлучи да ја активира последната година и натаму ќе остане во Бруклин Нетс, иако многу се зборуваше за неговото заминување, а најчесто се споменуваше доаѓање во Далас Маверикс.

„Обичните луѓе го одржуваат светот. Решив да останам, да ја активирам последната година од договорот и наскоро се гледа“, им порача на навивачите 30-годишниот Ирвинг кој последните три години за Бруклин одигра само 103 натпревари.

Причината за малиот број натпревари беа повредите, но и неговата одлука да не се вакцинира против Covid-19, што значително му го намали бројот на мечевите. Со оваа одлука Ирвинг следната сезона во Нетс ќе заработи 36,9 милиони долари.

Минатата сезона Ирвинг просечно остваруваше 27,4 поени, 5,8 асистенции, 4,4 скокови и 1,4 украдени топки во 29 натпревари, но тој Кевин Дјурант и соиграчите беа запрени во првиот круг од доигрувањето кога се поразени од Бостон со лесните 0-4.

Џон Вол, 31-годишниот играч на Хјустон Рокитс кој пред 12 години беше прв избор на драфтот од страна на Вашингтон Визардс, договори со својот сегашен клуб откуп на договорот.

Наместо претходно одредените 47 милиони долари, ќе му бидат исплатени 6,5 милиони помалку, а според медиумите неговата единствена желба е заминувањето во Лос Анџелес Клиперс.