НБА историја во Сан Антонио

Помошник тренерот на Сан Антонио Спарс, Беки Хамон, за време на тајмаут во второто полувреме на кошаркарскиот натпревар во НБА лигата против Лос Анџелес Лејкерс во Сан Антонио, среда 30 декември 2020 година. Хамон стана првата жена којашто водеше тим во НБА , преземајќи ги Спарси откако тренерот Грег Попович беше исклучен во поразот од Лејкерс со 107:121 (AP Photo/Eric Gay)

Победата на Лос Анџелес Лејкер од 121:107 на гостувањето као Сан Антонио Спарс немаше да претставува ништо особено, само еден од многуте дуели во текот на регуларниот дел од сезоната, но оваа одиграната нан претпоследниот ден од мачната 2020 година ќе остане впишана во историјата на најсилната кошраркарска лига на светот.

Ниту исклучувањето на легендарниот тренер Грег Попович на четири минути пред крајот на втората четвртина, исто така, самото посебе немаше да преставува ништо особено доколку за последица не го имаше историскиот момент за НБА лигата. Бидејќи неговото место главен тренер на Сан Антониот до крајот на натпреварот го зазема Беку Хамон и така стана првата жена во оваа улога.

„Настојувам да не размислувам за пошироката слика и големината на овој момент, бидејќи тешко би можела да ги контролирам чувствата. Се обидував да ги контролирам момците, да ги доведам во вистинските позиции. Сите учиме. Ќе ми беше помило да можевме од теренот да заминеме како победници“, изјави Хамон по мечот.

„Го заслужи тоа. Тука е се причина. Подготвена е, интелигентна, момчињата ја почитуваат. Еден ден ќе биде голема тренерка“, ја поали својата синоќешна ривалка на паркетот, тренерот на актуелниот шампиони на НБА лигата, Франк Вогел.

Освен по Беки Хамон, овој дуел меѓу Лејкерс и Спарс ќе остане запаметен и поради Леброн Џејмс кој го прослаи 36-от роденден со несекојдневно остварување. Џејмс имено го одигра илјадитиот натпревар по ред во кој постигна двоцифрен број коша предводејќи ги Лејкерс до победата со 26 поени, осум асистенции и пет скокови.

Денис Шредер додаде 21 кош, а Ентони Дејвис 20 поени за Лејкерс. Деџонте Мјуреј со 29 коша, седум скокови и седум асистенции беше најдобар кај Спарс за кои Демар Дерозен додат 23 поени.

 

И вториот тим од Лос Анџелес имаше причини за радост. Клеперс во својот „Стекплес Центарот“ ги победија Портланд Трејл Блејзерс со 128:105, а во екипата по два пропуштени меча се врати Каваи Леонард и со 28 коша и седум асистенции ги водеше соиграчите до убедлива победа, иако играше со пластична заштитна маска која му го прекриваше целото лице.

Само четири дена претходно, без повредениот Леонард во тимот, Клиперс го доживеаја најубедливиот пораз во клупската историја кога Далас Маверикс ги декласираа со „минус 51“. Против Портланд мечот имаше сосема поинаков тек. Блејзерс ниедна по половината на првата четвртина не беа во водство, а предноста на Клиперс во третата делница дојде до највисоките 30 поени.

Пол Џорџ за Лелјерс додаде 23 коша, 10 скокови 7 асистенции, а Лоу Вилијамс постигна 15 поени. Кај Трејл Блејзерс, пак, СиЏеј Меккалум постигна 25 а Демиен Лилар 20 коша.

 

За само 24 часа играчите на Мајами Хитс се освестија од шокантниот пораз од 47 поени разлика (97:144) од Милвоки Бакс. Минатогодишните финалисти во реваншот ги совладаа Бакс со 119:108, откако во решавачката чеврта четврдина Хитс ги оставија гостите на само 17 поени (31:17).

„Претходната ноќ беа подобри од нас. Сноѓтио моравме да се бориме“, го опиша пресвртот за 24 часа словенечкиот репрезентативец Горан Драгич кој со 26 коша беше најдобриот стрелец на Мајами на мечот.

Бем Адебајо додаде 22 поени со 10 асисетнции и две блокади, а Тајлер Хиро постигна 21 кош и имаше дури 15 скокови.

На Бакс не им помогна ниту „трипл-дабло-от“ на Јанис Адентомкумпо кој оствари 26 поени, 13 скокови и 10 асистенции. Молвоки, кои минатата сезона имаа најдобар сооднос во регуларниот дел, сезонава по пет меча имаат само две победи.

 

Разочарувачки со една победа и три пораза стартуваа и Далас Маверикс , кои синоќа на својот паркет беа поразени од Шарлот Хорнетс со 99:118, а госите прд крајот на третата четвртина имаа предност од 31 поен.

Ламело Бали за победниците постигна 22 коша со 8 скокови и 5 асистенции, а Мајлс Бриџес врза 20 коша и 16 скокови. Тим Хардавеј џуниор со 18 коша беше најдобар стрелец кај Далас, а Лика Дончич остана на само 12 поени со сите пет нереализирани шута за „тројка“.

 

Најефинаксиот натпревар сезонава го одиграа во Бруклин домашните Бетс и гостите Аталанта Хоукс. Домашните славеа со 145:141.

Кевин Дурант беше близу „трипл-дабл“ со 33 коша, 11 скокови и 8 асистенции. Кајри Ирвинг постигна 25 поени, а Џо Харис 23 коша. На спротивната страна Треј Јанг даде 30 коша и 11 асистенции од кои најмногу завршија за 30-те поени на Џон Колинс, а ги следеше Богдан Богдановиќ со 22 поени.

 

Бостон Селтикс дојдоа до третата победа и сега имаат соодност 3-2, откако во својата сала ги совладаа Мемфис Гризлис со 126:107. Најдобрата шутерска вечер во кариерата ја имаше Џејлен Браун кој постигна 42 коша, погодувајќи седум од 10 обиди за „тројка“. Џејсон Тејтам додаде 16, а Маркус Смарт 14 поени за Селтикс. Гризлис беа без својот најдобар напаѓач, повредениот Џа Морант, па Јонас Валанчиунас со 20 коша и 11 скокови беше водечкиот играч на гостите за кои Горгуи Диенг додаде 17 а Дилон Брукс 16 поени.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.