НБА: Клиперс победија по четирите порази

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ја прекинаа низата од четири порази откако ноќта кон вторникот на својот паркет ги совладаа Хјустон Рокитс.

Клиперс победија со 95:93, благодарејќи на „тројката“ на Пол Џорџ на 6,2 секунди пред крајот на мечот. Џорџ го заврши дуелот со 35 коша, 9 скокови, 8 асистенции и 6 украдени топки, за Клиперс кои не беа во водство во ниеден момент од последната четвртина додека Џорџц не ја постигна „тројката“ во последните секунди.

Кај Хјустон, кој серијата од четири гостински натпревари ја заврши без победа, најдобар беше Кенион Мартин џуниор со 23 поени.

Единствениот тим без пораз од почетокот на сезоната се Милвоки Бакс кои пред своите навивачи беа подобри со 110:108 од Детроит Пистонс. Јанис Адетокумбо ги предводеше Милвоки со 31 кош, а Џру Холидеј погоди „тројка“ со која во последната минута домашните се одлепија. Холидеј дуелот го заврши со 25 коша, 10 асистенции и 7 скокови.

Најдобар кај Детроит беше Кејд Канингеам со 27 коша, 7 асистенции и 6 асистенции, а го следеше Бојан Богдановиќ со 23 коша, 4 скокови, и по две асистенции и две украдени топки.

Бакс дојдоа до водство од 105:101 на две минути пред крајот по погодокот на Адетокумпо, но Џејден Ајви одговори со две слободни фрлања. Бакс потоа не постигнаа кош, а Ајзеа Стјуарт погоди полагање и Пистонс израмнија. Потоа Холидеј постигна „тројка“ пред Канингам да промаши. Адетокумбо успеа да украде топка, но Ганингем промаши за „тројка“ но Брук Лопез реализираше две слободни фрлање ја запечати победата на Милвоки.

Во преостанатите натпревари, Бруклин Нетс ги победија Индијана Пејсерс со 116:109, со што ја прекинаа нивната серија од четири порази, а Кевин Дурент ги предводеше до победата со 36 поени. Јута Џез ги победија Мемфис Гризлис со 121:105 во Солт Лејк Сити благодарение на Лаури Марканен кој постигна 31 поен и додаде 11 скока. Филаделфија 76ерс и покрај тоа што играа без својата ѕвезда Џоал Ембиид, ги победија Вашингтон Визардс со 118:111, Сакраменто Кингс со 115:108 ги победија Шарлот Хорнетс, додека Торонто Репторс на домашен терен ја победија Атланта Хокс со 139:109.