НБА: Клиперс се потврдија како најефикасни во „тројки“

Лос Анџелес Клиперс изминатата ноќ со 124:105 на својот паркет ги победија Минесот Тимберволфс, потврдивајќи се како водечки тим според бројот постигнати „тројки“, во мечот во кој постигнаа 21 од 42 обида.

Клиперс до победата го одведе Пол Џорџ со 23 коша и 7 скокови, додека Каваи Леонард кој се врати на терените по паузата по повредата и постигна 15 коша со 11 скокови и 7 асистенции. Кај Минесота најдобар беше Ентони Едвардс со 23 поени, додека Карл-Ентони Тоунс додаде 16 поени.

 

Мајами Хитс на домашен терен со 109:107 ги совладаа Бруклин Нетс, а победата ја обезбеди Бам Адебајо кој погоди со звукот на сирената која го означи крајот на мечот.

Адебајо дуелот го заврши со 21 кош и 15 скокови, со што Хитс ја прекинаа низата од три пораза.

Лендри Шемет со 30 коша, од кои седум „тројки“, беше најефикасниот кај Нетс кои беа без повредените Кевин Дјурант и Џејмс Харден. Дјурант ги постигна осумте први коша за Метд пред поради повреда да го напушти теренот во осмата минута од средбата. Горан Драгич впиша 18 коша, 8 скокови и 7 асистенции за Мајами.

 

Атланта Хоукс со 129:117 беа подобри од гостинските Индијанските Пејсерс, а најзаслужен за победата беше Три Јанг со 34 коша и 11 скоови.

Клинт Капела впиша 25 поени и неверојатни 24 скокови, додека Кевин Хуртер и Богдан Богдановиќ постигнаа двајцата по 23 коша по Хоукс. Индијана ја предводеше Маклолм Брогдон со 29 коша и 8 асистенции.

 

Њујорк Никс ја впишаа шестата победа во низа, по продолженијата на домашен терен со 122:112 ги надиграа Њу Орлеанс Пеликанск.

Џулиус Рендл постигна 33 поени со 10 асистенции, а Дерик Роуз додаде 23 коша за Никс. Кај Пеликанс се истакна Зион Вилјамсон со 34 коша, 9 скокови и 5 асистенции.

 

Сакраменто Кингс со 121:107 славеа на гостувањето кај Далас Маверикс, на кои не им помогна ниту Лука Дончич кој беше најдобар поединец на дуелот со 37 коша.

Кај Кингс, кои откако ги постигнаа првите осум поени не дозволија да им биде загрозено водството до крајот на мечот, најдобар беше Де’Арон Фокс со 30 поени и 12 асистенции.

 

Во другите натпревари Шарлот Хорнетс со 109:101 дома ги победија Портланд Трејл Блејзерс, Торонто апторс со 112:106 беа подобри од Оклахома Сити Тандерс, а Хјустон Рокетс со 114:110 ги надиграа Орландо Меџикс.

РЕЗУЛТАТИ

Атланта Хоукс – Индијана Пејсерс 129:117
Њујорк Никс – Њу Орлеанс Пеликанс 122:112
Мајами Хитс – Бруклин Нетс 109:107
Шарлот Хорнетс – Трејл Блејзерс од Портланд 109:101
Орландо Меџикс – Хјустон Рокетс 110:114
Торонто Репторс – Оклахома Сити Тандерс 112:106
Далас Маверикс – Сакраменто Кингс 107:121
ЛА Клиперс – Минесота Тимбервулфс 124:105

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија

1. Филаделфија 76ерс 39 17 .696 –
2. Бруклин Нетс 38 19 .667 1 1/2
3. Бостон Селтикс 31 26 .544 8 1/2
4. Њујорк Никс 31 27 .534 9
5. Торонто Репторс 24 34 .414 16

Централна дизвизија

1. Милвоки Бакс 35 21 .625 –
2. Индијана Пејсерс 26 30 .464 9
3. Чикаго Булс 23 33 .411 12
4. Кливленд Кавалирс 20 36 .357 15
5. Детроит Пистонс 17 40 .298 18 1/2

Југоисточна дивизија

1. Атланта Хоукс 31 26 .544 –
2. Мајами Хитс 29 28 .509 2
3. Шарлот Хорнетс 28 28 .500 2 1/2
4. Вашингтон Визардс 23 33 .411 7 1/2
5. Орландо Меџикс 18 39 .316 13

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Пацифичка дивизија

1. Феникс Санс 40 16 .714 –
2. Лос Анџелес Клиперс 40 19 .678 1 1/2
3. Лос Анџелес Лејкерс 35 22 .614 5 1/2
4. Голден Стејт Вориорс 28 29 .491 12 1/2
5. Сакраменто Кингс 23 34 .404 17 1/2

Југозападна дивизија

 

1. Далас Маверикс 30 26 .536 –
2. Мемфис Гризлис 29 26 .527 0 1/2
3. Сан Антонио Спарс 27 28 .491 2 1/2
4. Њу Орлеанс Пеликанс 25 32 .439 5 1/2
5. Хјустон Рокетс 15 42 .263 15 1/2

Северозападна дивизија

 

1. Јута Џез 42 15 .737 –
2. Денвер Нагетс 36 20 .643 5 1/2
3. Портланд Трејл Блејзерс 32 24 .571 9 1/2
4. Оклахома Сити Тандерс 20 37 .351 22
5. Минесота Тимбервулфс 15 43 .259 27 1/2